За канцерот

Што е канцер?

„Канцер“ е термин на кој му припаѓа голема група на болести кои се разликуваат во типот и локацијата, но имаат едно заедничко својство: ненормален и неконтролиран раст на клетките.

Во нормални услови бројот и растот на сите наши клетки е строго контролиран механизам. Но кога ќе се пореметат контролните сигнали во една од овие клетки, животниот циклус на клетката станува променет и започнува постојано да се дели. Продолжува да се размножува без можност да се контролира и резултатот од ова е акумулација на абнормални клетки како маса на клетки, наречени „тумор“. Туморот може да биде бениген или малиген.

Бенигните тумори се не-канцерозни и ретко се опасни за животот. Тие не се распространуваат (метастазираат) до другите делови на телото.

Малигните тумори се канцерозни и може да се распространат во другите делови на телото. Кога малигниот тумор се распространува, малигните клетки се откинуваат и патуваат низ лимфниот систем до други места во телото каде се вгнездуваат и размножуваат; или метастазираат, што резултира со нов тумор наречен секундарен тумор, или метастаза. Името кое се дава на канцерот се однесува на потеклото на канцерот, дури и ако се има раширено низ другите делови на телото. На пример, ако канцер на простата се има раширено до црниот дроб, се нарекува метастатски канцер на простата.

Како започнува?

Канцерот започнува кога една нормална клетка ќе стане канцерозна. Ова се случува кога нешто ќе ја поремети клеточната ДНК, преправајќи го кодот со инструкции кој го набљудува животниот циклус на клетката. Еден или повеќе ризик фактори може да учествуваат во пореметувањето.

Најчести ризик фактори за канцер се:

Генетска предиспозиција

Одредени типови на канцер, како што е канцерот на колон и дојка, често се јавуваат во семејствата. Единствено се наследува предиспозицијата за канцер. За да се развие ракот мора да се присутни и други не-генетски (пример, од околината) фактори. Имањето на семејна историја за канцер не значи дека сигурно ќе развиете рак, но сепак значи дека имате зголемен ризик. Знаењето на ризик факторите и управувањето со нив може да помогне за превенција од рак.

Изложување на естрогени (жени)

Жената има зголемен ризик од некои гинеколошки канцери (пример, рак на дојка или утерус), ако нејзиниот организам е изложен на премногу естроген, бидејќи тоа го стимулира клеточното размножување во овие ткива. Факторите кои придонесуваат за зголемено изложување на естроген се раната менструација и доцната менопауза. Ризикот е намален кај жените кои имале новороденче на возраст помала од 35 години. Други фактори кои може да го намалат ризикот, вклучуваат редовно вежбање и исхрана со малку маснотии.

Јонизирачко зрачење

Преголемото изложување на јонизирачко зрачење, како што се Х зраците и нуклеарното зрачење, може да предизвика оштетување на ДНК, што може да доведе до канцер.

Алкохол

Луѓето кои многу консумираат алкохол, имаат повисок ризик за канцер на устата, грлото, хранопроводот, желудникот и црниот дроб.

Слободните радикали

Слободните радикали се опасни, високо реактивни хемиски соединенија кои може да ја оштетат ДНК и да доведат до канцер. Тие може да се создадат на бројни начини, вклучувајќи оксидација на полинезаситените масти. Антиоксидансите (како витамините А и Ц) кои се земаат дополнително, или исхрана со многу жолти и зелени овошја и зеленчук, може да го намали ризикот.

Ултравиолетово зрачење

Ултравиолетово зрачење е радијација од сонцето. Ултравиолетовите Б (UVB) зраци ја оштетуваат клеточната ДНК и се предизвикувачи на 90% од сите канцери на кожата. Превенцијата вклучува намалено изложување на сонце, носење на облека која штити и очила со висок SPF (Sun Protection Factor).

Карциногени хемикалии

Хемиските карциногени, како што се азбест, бензен, формалдехид и дизел издувните гасови се опасни во високи концентрации.

Чад од цигари

Пушењето е причина за 20 – 30% од сите смртни случаи од канцер во светот, што го прави чадот од тутунот единствен најсмртен карциноген. Пушењето може да предизвика канцери на белите дробови и други органи. Најдобар начин да се намали ризикот од белодробниот и другите канцери е да се прекине со пушењето, или никогаш да не се започне и да се избегнува изложувањето на секундарниот чад ако сте непушач.

Нездрава исхрана

Исхраната богата со заситени масти (особено од црвеното месо) е поврзана со неколку различни вида на канцер, тука вклучувајќи ги канцерот на дебело црево, ректум и простата. Ризикот може да се намали со намалување на внесот на масти во исхраната, консумација на повеќе храна базирана на соја, расителни влакна, овошје и зеленчук.

Карциногена храна

Постојат одредени видови храна која содржи карциногени. Храната која треба да се ограничи е солената, киселата и пушената храна, како што се киселите краставички и пушената риба, и месата третирани со нитрити. Во храна која треба да се елиминира од исхраната спаѓаат и месата кои се печени на скара, бидејќи јагленисаните делови се карциногени. Земањето Витамин Ц, преку исхраната или дополнително, може да заштити од канцер-предизвикувачките ефекти на карциногената храна.

Причина за неконтролираното размножување на абнормалните клетки, како и брзината на тоа случување се разликува од личност до личност. Многу луѓе ја совладуваат болеста и многу луѓе живеат исполнет живот и покрај болеста, уште многу години. Ако Вие или некој ваш близок има дијагноза рак, можеби Ве интересира нешто повеќе за ракот и третманите кои треба да ги очекувате.

Опции за третман

Постојат бројни опции за третман на канцер. Плановите за третман се развиени во зависност од типот на канцерот, неговата локација, степенот на зафатеност и стадиумот во кој е дијагнозиран и здравјето и состојбата на пациентот. Третманот може да биде составен од една или повеќе различни терапии:

  • Хемотерапија е користење на анти-канцер лекови. Анти-канцер лековите ги уништуваат канцер клетките со спречување на нивниот раст или мултипликација во некоја фаза од нивниот животен циклус. Лековите може да се аплицираат интравенозно (во вена), орално (преку уста), со инјекција во мускул; во зависност од лекот и типот на канцер. Хемотерапијата се дава во циклуси од наизменичен третман и период за одмор.
  • Радијациска терапија е третман на канцер и други болести со јонизирачко зрачење. Јонизирачкото зрачење ги уништува клетките, или генетскиот материјал во клетките, во областа која се третира, со што го прават понатамошниот раст на клетките невозможен.
  • Операцијата е насочена кон отстранување на туморот. Понекогаш, околното ткиво и лимфните јазли исто така се отстрануваат. Операцијата може да се спроведе со користење на конвенционални инструменти или ласер.
  • Хормонска терапија е користење на хормони за променување на начинот на кој хормоните во телото го помагаат растот на ракот.
  • Биолошка терапија (имунотерапија) го тера имуниот систем на телото, директно или индиректно, да се бори против канцерот и ги олеснува несаканите ефекти кои може да се предизвикани од некои други третмани за канцер.
  • Алтернативна и комплементарна терапија – вклучува хербална медицина, акупунктура и хомеопатија.

Третман со лекови за канцер

Лековите се користат не само за третман на канцер, туку и за олеснување на симптомите на канцер (пример, болка) и несакани ефекти, како мачнини, кои често се среќаваат при различните типови на третман.

Анти-канцер лекови

Најголемиот број анти-канцер лекови дејствува со инхибиција на синтезата на ДНК или некој друг процес во циклусот на раст на клетката. Затоа што анти-канцер лековите обично дејсвуваат врз брзо-делечките клетки, може да бидат зафатени и други не-канцерозни клетки. Начинот на кој се зафатени другите клетки ги определува несаканите ефекти на поединечните лекови. Во другите зафатени клетки спаѓаат крвните клетки, кои се борат против инфекции, помагаат во згрутчувањето на крвта и носат кислород до другите делови на телото. Кога ќе се зафатат крвните клетки, пациентите полесно се здобиваат со инфекции, може лесно да добијат модрици или да крварат, и може да се чувствуваат невообичаено слабо и многу изморено. Исто така, може да бидат зафатени и брзо-делечките клетки во коренот на косата и клетките во дигестивнот тракт.

Заради тоа, несаканите ефекти може да бидат губиток на коса, слаб апетит, мачнина и повраќање, дијареа и рани во устата. Многу од овие несакани ефекти сега може да се контролираат со некои нови и подобрени лекови. Несаканите ефекти обично се краткотрајни и постепено се намалуваат. Косата повторно расне, но може да има различна боја и изглед.

X