Идентификација на производот

Varumin® пакување

Varumin® пакувањето содржи две темно обоени шишенца, именувани како Varumin® 1 и Varumin® 2.

Varumin® 1 има волумен од 50 ml, фабрички затворен со бело капаче.
Varumin® 2 има волумен од 200 ml, фабрички затворен со бело капаче.

Двата препарати се етикетирани, со испишана содржина, со втиснати Број на серија и Рок на траење.
Името на производителот е IEG Интер-еврогенекс 2434 Ново Село, Р. Македонија.
Пакувањето содржи испечатено упатство за употреба.

Вкусот на Varumin® би требало да е горчлив.

Веднаш пријавете ги вашите сомнежи за фалсификат до производителот на лекот!

Запомнете дека доколку цената на лекот е премногу добра за да е вистинита, веројатно сте во право.

Што е фалсификуван лек?

Фалсификуван лек е оној кој се произведува со цел да изгледа како оригинален производ, а всушност се разликува од оригиналниот во многу елементи. Во фалсификувани производи спаѓаат лекови без активна состојка, лекови кои се суперпотентни, и лекови кои содржат опасни нечистотии.

Кои ризици се поврзани со фалсификуваните лекови?

Еден од најголемите ризици од фалсификуваните лекови е дека пациентите нема да го добијат терапевтскиот ефект кој се очекува од производот. Освен тоа, продуктот може да содржи премногу активни состојки или други потенцијално опасни контаминенти, кои исто така може да се опасни.
X