LPHealth
Search
Close this search box.

Фитнес

Персонални тренинзи

Во LONG POSITIVE FITNESS, разбираме дека сечиј пат кон здравјето и фитнесот е уникатен. Независно дали сте на почетокот, имате поставено високи цели како напреден вежбач, или сте професионалец во потрага по фини тунирања на вашите спортски перформанси, нашиот тим е тука за да ви помогне. Ние сме посветени на тоа да ви обезбедиме персонализирана поддршка, без разлика дали се работи за намалување на телесната тежина, зголемување на мускулната маса, подобрување на издржливоста или оптимизација на спортските перформанси.

Секоја тренинг програма е дизајнирана со грижа, со цел да одговара на вашите специфични потреби и амбиции, водејќи сметка за вашата моментална форма и потенцијални ограничувања. Нашата мисија е да ви обезбедиме сè што ви е потребно за да се чувствувате подобро, да изгледате подобро и да живеете подобро.

Индивидуални тренинзи

Персонализиран пристап за максимални резултати.

Тренинзи за две лица

Заедно кон целите, со мотивација од партнерот.

Групни тренинзи за три лица

Забава и енергија во мала група за подобрување на перформансите.

Функционални тренинзи

Функционални тренинзи се составени од вежби каде повеќе мускулни групи работат заедно за да се подготви телото за секојдневните задачи со стимулирање на координирани движења. Функционалните тренинзи вклучуваат активирање на горните и долните мускулни групи и зајакнување на јадрото.

 

Тренинзи за зголемување на мускулна маса

Тренинзите за зголемување на мускулната маса се дизајнирани да ги стимулираат мускулите да растат преку систематска и интензивна анаболна тренинг рутина. Овие тренинзи се фокусираат на извршување на максимален број повторувања на индивидуални мускулни групи, како што се грбот, градите, рамењата, рацете, нозете, задникот и стомакот. Примарниот метод за овие тренинзи е да се користат тежински повторувања со паузи помеѓу сериите, за да се исцрпат мускулите и поттикне растот.

 

Тренинзи за слабеење

Тренинзите за слабеење што ги нудиме во нашиот фитнес центар се специјално дизајнирани да им помогнат на нашите клиенти да постигнат значителни резултати. Овие тренинзи се фокусирани на комбинирање на кардио вежби и вежби за зајакнување на мускулите, со цел да се забрза метаболизмот и да се согорат повеќе калории. Тренинзите се персонализирани за да одговараат на различните потреби и физичка форма на нашите клиенти.

 

Кардио

Кардио тренинзите се клучен дел од здравиот начин на живот и фитнес програмите ширум светот, вклучувајќи ги и нашите. Овие тренинзи се дизајнирани да го подобрат работењето на срцето и циркулацијата на крвта, ја зголемуваат издржливоста и способноста на телото да поднесе физички напор и го зголемуваат нивото на кислород во крвта. Покрај физичките предности, кардио тренинзите се поврзани и со подобрено ментално здравје и зголемена енергија. Во нашите тренинзи вклучуваме различните видови на кардио вежби за да ги задоволиме потребите и целите на нашите членови, овозможувајќи им динамично и ефикасно тренирање.

 

Корективни вежби

Корективните вежби претставуваат важен дел од фитнес програмата која се фокусира на исправување на нерамнотежа и недостатоци во телесната постава и функционалноста. Овие вежби имаат за цел да го подобрат погрешното телесно движење, да ги зајакнат потпорните мускулни групи и да ги коригираат дисбалансите помеѓу левата и десната страна на телото. Преку корективните вежби се зголемува флексибилноста, силата и стабилноста на телото, што ги намалува шансите за повреди и ја подобрува општата телесна функција. Овие тренинзи се предвидени за сите нивоа на вежбачи и се персонализирани според посебните потреби и цели на секој клиент. Со вклучување на корективните вежби во фитнес програмата се постигнува подобрена механика и зголемена сигурност при изведбата на секојдневни вежби и активности.

Подготвени за пресврт?

Откријте ја вашата вистинска моќ! Започнете со вашите тренинзи сега и направете го првиот чекор кон неверојатна трансформација.