LPHealth
Search
Close this search box.

ЧПП - Често поставувани прашања

HYPER PROTEIN 9+  претставува мултифункционална СУПЕРХРАНА која има низа здравствени придобивки. Содржи комплетен аминокиселински состав исто како и WHEY Protein, што не е карактеристично за останатите вегански протеини.

Производот е лесен за варење и не предизвикува надуеност, гасови и потешкотии при варењето што е карактеристично за WHEY протеините. Составен е од 100% растително потекло што го прави погоден за вегани, вегетаријанци и луѓе интолерантни на лактоза.

Останати придобивки од HYPER PROTEIN 9+: Ја зајакнува кардиореспираторната кондиција, ги поддржува имунолошкиот, ендокриниот и нервниот систем, придонесува во намалување на акумулација на масти во телото, придонесува за зголемено искористување на енергијата, помага во регулирање на метаболизмот и контрола на чувството на глад, ги подобрува концентрацијата и помнењето и го помага организмот во адаптација на состојби на физички и ментален стрес.

Нашите производи се наменети за секојдневна употреба кај млади и возрасни луѓе, професионални спортисти, рекреативци и луѓе со активен животен стил. Производите се истовремено корисни и за неактивни луѓе или постари лица кои сакаат да го подобрат физичкото, ментално и когнитивно здравје. Воедно се за погодни вегани, вегетеријанци и сите оние кои се грижат за своето здравје и сакаат да се чувствуваат подобро.

Адаптогени билки се дел од богатото наследство на традиционалната медицина ширум светот. Адаптогените имаат способност да му помогнат на телото да се адаптира и справи во состојби на физички и ментален стрес. Тие исто така го зајакнуваат и подобруваат работењето на внатрешните системи и му помагаат на телото во справување со различни предизвици.

E17 NATURAL ENERGY е 100% природен производ кој не содржи штетни додатоци, а чија функција е значително да го зголеми општото ниво на енергија. Секојдневната употреба на E17 NATURAL ENERGY придонесува кон зајакнување на внатрешните системи во телото, зголемување на физичките и ментални перформанси и адаптација во состојба на стрес.

ДА, LevelUp HYDRATION помага за “враќање во живот” после пиење алкохол. Помага за хидратација на телото и надополнување со многу електролити, витамини и минерали кои се од есенцијално значење.

Level Up HYDRATION има 100% природен состав, електролитите, витамините и минералите имаат природно потекло ( означено на етикетата ) што ги прави лесни за апсорбција за човековото тело за разлика од останатите суплементи од овој тип, чие потекло на електролитите не е познато ( лабораториско ), имаат помала апсорбција во телото, а кај некој луѓе можат да предизвикуваат и негативни ефекти. Покрај електролитите Level Up HYDRATION е богат и со витамини, минерали, антиоксиданти и диететски влакна. Исто така содржи и розова химелајска сол која е од есенцијално значење за реуглирање на pH вредноста во нашето тело и им помага на клетките за подобра абсорбција на течности што е од клучно значење за процесот на хидрација.

Главна функција на E17 е да ви го подигне општото ниво на енергија и да ви ги зголеми перформансите. За разлика од останатите енергетски додатоци кои даваат само моментална енергија која опаѓа после одреден временски интервал и прави контра ефект, Е17 ви дава долготрајна енергија која трае во текот на целиот ден и не содржи кофеин, додатен шеќер и други штетни додатоци кои се карактеристични за останатите енергетски пијалоци.

Поради тоа што вршат надополнување на телото со микро и макро нутриенти кои лесно се апсорбираат. Адаптогените билки и медицинските печурки од кои се составени овие три производи вршат оптимизирање и подобрување на работењето на внатрешните процеси и системи во човековото тело ( дигестивниот, имунолошкиот, ендокриниот, нервниот и кардиоваскуларниот систем ) што резултира со зголемена енергија и мотивација, подобри перформанси, подобра апсорбција, побрза опоравка, посилно тело и побистар ум.

Имате уште прашања?