LPHealth
Search
Close this search box.

Моќта на протеините

Протеините

Споделете ја оваа објава

Што се протеини и што прават тие?

Во моментов има многу фама за протеините, но што навистина знаеме за тоа? Колку протеини му се потребни на телото? Од што се состојат и колку е важно да се внесува доволно протеини во исхраната?

Протеините претставуваат главни градежни блокови на телото што се користат за создавање на мускули, тетиви, органи и кожа. Тие се користат и за производство на ензими, хормони, невротрансмитери и разни ситни молекули кои служат за различни функции. Без протеини нашите тела биохемиски би се расклопиле, животот каков што знаеме не би бил возможен.

Амино киселините се органски соединенија кои се комбинираат за да формираат протеини, кога протеините се варат, амино киселините се ослободуваат. Човечкото тело користи амино киселини за да создаде протеини за да му помогне на телото да расте, да ја разградува храната и да го поправа телесното ткиво. Човечкото тело користи 21 аминокиселина за да ги направи сите протеини што му се потребни за да функционира и да расте, а тие се поделени во 3 групи:

  • Есенцијални амино киселини, телото не може да ги создаде и затоа мора да се добијат од храна. Постојат девет есенцијални амино киселини; histidine, isoleucine, leucine, lysine, methionine, phenylalanine, threonine, tryptophan and valine
  • Неесенцијални амино киселини, ова значи дека нашите тела можат да ги произведуваат овие амино киселини дури и ако не ги добиваме од храната што ја јадеме. Тие вклучуваат; alanine, asparagine, aspartic acid and glutamic acid
  • Условни амино киселини обично не се есенцијални, освен кај децата, бидејќи тие не можат да направат доволно за да ги задоволат своите потреби. За возрасните тие се сметаат за неопходни само за време на болести и стрес. Тие вклучуваат; arginine, cysteine, glutamine, tyrosine, glycine, ornithine, proline and serine

Колку протеини му се потребни на моето тело?

Количината на дневниот внес на протеини кои му се потребни на нашето тело е тесно поврзана со начинот на живот кој го водиме. Степенот на физичка активност, мускулната маса и целите кои сакаме да ги постигнеме се фактори кои треба да се земат во предвид при проценка на потребите за количински внес на протеини.  Оние кои водат исклучително активен живот имаат потреба од повеќе протеини од помалку активите луѓе. Бидејќи протеинот се користи и за обнова на ткивата и органите, луѓето кои се опоравуваат од несреќа или болест имаат потреба од поголем внес на протеини. Исто така, како што стареете и за време на бременоста, особено е важно да консумирате доволно количества висококвалитетни протеини бидејќи вашата способност за обработка на протеините опаѓа со текот на годините, зголемувајќи ги вашите потреби за протеини.

Општо прифатено е дека потребниот дневен внес на протеини е еднаков на 1g протеин на 1kg телесна тежина, односно некој кој тежи 70kg треба да внесува 70g протеини на ден, додека кај луѓето со исклучиво активен животен стил потребите достигнуваат до 2g протеин на 1kg телесна тежина.

Откријте како HYPER PROTEIN 9+ може да ви помогне да остварите вашите здравствени и фитнес цели. Време е да ги исполните вашите дневни нутритивни потреби со еден од најкомплетните вегански протеински суплементи на пазарот!

Прочитајте повеќе