LPHealth
Search
Close this search box.

Храната и нашето расположение

Храната Блог

Споделете ја оваа објава

Изгледа дека старата поговорка „ти си тоа што го јадеш“ била точна! Дали знаевте дека исхраната игра клучна улога во нашето ментално здравје?

Истражувањата покажуваат голема поврзаност помеѓу високо квалитетна исхрана и добра психолошка благосостојба. Во студијата се утврдило дека лицата кои конзумирале високо квалитетна и балансирана исхрана имале двојно поголема веројатност да чувствуваат добра благосостојба иако во минатото се соочувале со состојби на депресија. Конзумирањето на храна збогатена со хранливи состојки во раните години од детскиот развој исто така покажале подобри резултати за менталното здравје кај децата.

Односите помеѓу храната и расположението се сложени и специфични за секоја индивидуа и зависат од многу фактори: кое време од денот се конзумира одредена храна, составот на макронутриенти, количината, биолошкиот дено-ноќен ритам на личноста и возраста.

Хранливите материи кои ги содржи храната влијаат на хемиските реакции во мозокот што потоа влијае на нашето расположение, меморија, когнитивни функции и перформанси. Мозокот произведува невротрансмитери, хемикалии кои го водат нашето расположение, вклучувајќи: серотонин, кој ни помага да се опуштиме и допамин, кој ни помага да се фокусираме.

Нашиот изборот на храна директно влијае на нашето производство на невротрансмитери бидејќи храната ги обезбедува градежните блокови за овие хемикалии. Затоа доколку не се храниме правилно за да обезбедиме правилен баланс на невортрансмитери, може да бидеме склони кон промени на расположението.

Начини на кои навиките во исхраната можат да ви го променат расположението:

  • Ако не јадете во редовни интервали
  • Ако ги намалувате јаглехидратите
  • Ако ви недостасуваат есенцијални витамини и минерали
  • Ако не внесувате доволно омега-3
  • Ако јадете премногу преработена храна
  • Ако пиете премногу кофеин

За крај, поквалитетна исхрана значи подобро расположение.

Заинтересирани сте да дознаете како вашите навики поврзани со исхраната можат позитивно да влијаат на вашето ментално здравје и расположение? Прегледајте го нашиот асортиман на продукти дизајнирани да го поттикнат вашето тело и ум. Направете прв чекор кон подобро расположение и здравје уште денес!

Прочитајте повеќе