LPHealth
Search
Close this search box.

E17 Natural Energy

1.990,00 ден

E17 Natural Energy е револуционерен додаток во исхраната, создаден за значително зголемување на енергијата, подобрување на физичките и ментални перформанси, подобрување на метаболизмот и детоксикација на внатрешниот систем. Со природните состојки и моќта на адаптогените, го поттикнува вашето тело и ум да работат на највисоко ниво.

Како функционира E17?
  • Зголемување на енергијата и издржливоста: E17 ја зголемува вашата издржливост и енергија, овозможувајќи подолги и поинтензивни тренинзи и подобрување на перформансите при извршување на работни задачи, концентрација за време на состаноци, учење и слично.
  • Поддршка при опоравување: Брзо опоравување по интензивни вежби благодарение на антиоксидансите кои ги контролираат слободните радикали.
  • Јакнење на имунитетот: Подобрување на имунолошкиот систем за заштита од болести и инфекции.
  • Намалување на стресот: Регулирање на надбубрежниот систем за подобра контрола на физичкиот и ментален стрес.
  • Подобрување на метаболизмот: Вршење на детоксикација и стимулирање на метаболизмот за здраво тело.

 

За кого е наменет?

E17 Natural Energy претставува идеално решение за сите кои се во потрага по квалитетен и природен извор на енергија, обезбедувајќи поддршка низ различни фази и активности во животот. Од младите ентузијасти до постарата популација, овој производ доаѓа како одговор на различни потреби за енергија и виталност. Особено е корисен за:

  • Професионални спортисти: За оптимални спортски перформанси.
  • Активни индивидуи: За секојдневно засилување на енергијата.
  • Постари лица: За подобрување на општата благосостојба.
  • Лица со воспалителни состојби кои имаат потреба од дополнителни антиоксиданси.
  • Сите оние кои се чувствуваат исцрпени, уморни или се под стрес.

 

Уникатен состав за максимални резултати

E17 содржи моќна мешавина од адаптогени и антиоксиданти, вклучувајќи:

  • Сибирски женшен кој ги зголемува физичките перформанси, тоник за поддршка на менталните и физичките капацитети во случаи на слабост, исцрпеност и замор и за време на закрепнување.
  • Родиола која придонесува за сила, кондиција и издржливост, ги подобрува спортските перформанси, адаптоген кој штити при физички и емоционален стрес и помага за стимулирање на нервниот систем.
  • Шисандра која има адаптогени својства, ја зголемува способноста кај луѓето да се прилагодат на стресот.
  • Ашваганда која помага во одржување на нивото на енергија и оптимална издржливост, помага во одржување на  физичка и ментална благосостојба, помага за релаксација, помага да се одржат физичките и менталните капацитети во случаи на слабост, исцрпеност, замор и губење на концентрацијата.
  • Кордицепс кој  ја зголемува имунолошката функција, го забавува стареењето и промовира ментална јасност, ги подобрува атлетските перформанси, се бори против стресот и го поддржува менталното здравје, ја подобрува сексуалната функција, го регулира нивото на шеќер во крвта и го поддржува здравјето на срцето.

 

Овошјата се полни со антиоксиданси кои помагаат да се одржат под контрола слободните радикали. Тие се богати и со растителни влакна, витамини и минерали, ја одржуваат менталната острина, помагаат во борба против воспалението, намалување на холестеролот и одржување на здрави артерии. Тие ја зголемуваат енергијата, придонесуваат за чувството на смиреност, помала исцрпеност и поголема фокусираност. Се справуваат со заморот, стресот и  вознемиреноста.

 

Состав

Адаптогени: Кордицепс, Ашваганда, Сибирски Женшен, Родиола и Шисандра; Овошје: Боровинки, Црни Рибизли, Акаи, Капини, Малини и Јагоди; Кокосова Вода, Цвекло, Екстракт од Стевиа и Природен Вкус на Овошје.

 

Без штетни додатоци

E17 Natural Energy се издвојува со тоа што не содржи кофеин, додатен шеќер, глутен, лактоза, соја и адитиви – што го прави идеален избор за секој, вклучително и за оние кои следат веганска, вегетаријанска, кето или палео режим на исхрана.

 

Начин на употреба

Препорачана доза за возрасни е 8g (2-3 кафени лажички) еднаш до двапати дневно. За најдобри резултати, растворете го правот во 200мл вода, смути, чај или јогурт. Да не се консумира во вечерните часови и да не се надминува препорачаната доза.

Количина: 120g – 15 дози

 

Изберете поквалитетен живот со E17 Natural Energy

Дали сте подготвени да преземете контрола врз вашата енергија? E17 Natural Energy е вашиот сопатник кон подинамичен и здрав начин на живот. Нашата формула е научно формулирана да ви помогне да ги достигнете вашите цели, без оглед на вашите животни предизвици.

Искусете ја разликата со природната моќ на E17 и направете чекор кон подобро здравје и благосостојба денес!