Екстрактите од растителните дроги кои се содржани во Varumin® имаат широк спектар на фармакодинамска активност. Овие состојки се користат во традиционалната, хомеопатската како и во научната медицина. Позначителни фармакодинамски дејства се: цитотоксично, имуностимулативно, детоксификациско, антиинфламаторно, антимикробно, диуретично, антидепресивно и лаксативно. Заради тоа, Varumin® може да се користи како дополнение на стандардната терапија на различни болести, кои се карактеризираат со намален имунитет и лоша општа состојба. Не постојат податоци за несакани ефекти кои се последица на употребата на Varumin®.
Varumin® не би требало да го користат: лица кои се преосетливи на некоја од компонентите на препаратот; лица со интестинална опструкција; лица со постојна инфламаторна интестинална болест (Кронова болест, улцеративен колитис); лица со воспаление на слепото црево (appendicitis); лица со хипертироидизам; при бременост и лактација. Деца помлади од 10 години препаратот може да го земаат според посебно упатство, со намалени дози. Во овие случаи Varumin® може да се зема само по консултација со лекар или фармацевт.
При подолготрајна употреба на Varumin®, во многу ретки случаи, може да дојде до дијареа. До сега не е пријавен ниту еден несакан ефект од употребата на Varumin®.
Постојат неколку потенцијални ефекти кои се должат на присуството на алое, но во долгогодишната употреба на Varumin® не е забележана никаква интеракција. Viscum album може да го зголеми ефектот на кардијалните гликозиди, хипотензивните и хипертензивните лекови, антидепресивите и антикоагулантите.
Varumin® је подобрува општата состојба кога организмот е исцрпен, за подобрување на отпорноста на организмот, како дополнение на стандардната терапија на некои акутни и хронични болести, малигни болести, анемиа и други состојби кои се карактеризираат со слаб имунитет и лоша општа состојба. Varumin® исто така може да се користи и превентивно за спомнатите болести.
Почеток на третманот – Терапијата започнува со Varumin® 1: целата содржина од Varumin®1 (50 ml) се пие 1 час пред јадење.
Продолжување на третманот – 6 часа после земањето на Varumin® 1, се започнува со земање на Varumin® 2. Varumin® 2 вообичаено треба да се зема 4 пати дневно, по една супена лажица, 1 час пред јадење.
36 месеци од датумот на производство. Не треба да се користи после истекот на рокот означен на пакувањето.
Треба да се чува на температура до 25 ° C, заштитен од светлина.
Да се чува вон дофат на деца.
Varumin® 1 стаклено шишенце од 50 ml, раствор за перорална употреба.
Varumin® 2 стаклено шишенце од 200 ml, раствор за перорална употреба.
Зависи од државата