Page - Дома
Третман со Варумин®
Дополнителна Терапија
Идентификација на производот
Проф. д-р. sci.Сибин Илиќ- Експерт за онкологија и гинекологија - 12.10.1999
Врз основа на долгогодишното искуство со помошниот медицински третман со Varumin®,
јас сметам дека овој препарат има поволни субјективни и објективни ефекти и дека може да се користи
без никакви терапевтски ризици врз онколошки и имунодефициентни пациенти.
Проф. д-р. sci. Стојмир Петров
- Институт за предклиничка и клиничка фармакологија и токсикологија - 09.01.2006 -
Активните состојки на производот имаат лаксативно, анти-инфламаторно, анти-микробно,
имуностимулативно, детоксифицирачко, цитотоксично, диуретско и антидепресивно дејство, меѓу другото.
Овие фармакодинамски карактеристики на состојките на Varumin® ја оправдуваат неговата намена за делување.
Д-р Д.Петровски (Спец. неуропсихијатар), Прим. Д-р Т. Христовски (Спец. невропсихијатар),
Прим. Д-р К. Петровски (Спец. по неврологија и психијатрија), Д-р К. Пили-Кузева (Спец. неуропсихијатар)
Ефикасност и безбедност на Varumin® во третман на Sclerosis multiplex (мултипла склероза)
Клиничка болница Битола – Одделение за неврологија – 2007
Од целокупното испитување може да се донесе заклучок дека кај сите пациенти се забележува видно подобрување во однос на
општата состојба и невролошките функции. Подобрување на функционалноста. Ефиканоста на Varumin® се констатира после
вториот месец и се одржуваше за цело време на терапијата. Varumin® има извонреден безбедносен профил.
Асс. Д-р. Г. Димитров (Спец. Гинеколог), Д-р М. Ристески (Спец. Онколог)
Клиничко испитување на тераписката ефикасност, подносливост и безбедност на перорални раствори
Varumin® 1 и 2 кај биолошки докажана HPV инфекција од високо ризичен тип со или без биопсиски докажан CIN I.
Гинеколошко-Акушерска Клиника Скопје, Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје – 2009
Нашиот заклучок е дека испитуваното средство има фаворабилен учинок во третманот на ХПВ лезиите од високо-ризичен тип.
Времето потребно за негативизација на наодот од HPV PCR типизацијата сигнификантно е скратено.
Процентот нанормализирани колпоскопски и PAP наоди е поголем кај групата третирана со испитуваното средство.
Во однос на безбедноста, испитуваното средство сметаме дека е безбедно и како самостоен третман.