100% природен хербален производ кој допринесува за одржување на нормалната функција на имунолошкиот систем

За нас

Интер-Еврогенекс од Ново село, Струмичко, е модерна диететска компанија, која произведува хербални диететски производи во Република Македонија. Ние произведуваме сопствени производи, кои го носат знакот „Здравје од природата“ и се присутни на македонскиот и на странските пазари.

Производите се исклучиво од растително потекло, а потекнуваат од планините Беласица и Огражден, во чија близина се наоѓа и самата фабрика. Овие планини се сметаат за чиста еколошка средина.

Интер-Еврогенекс располага со најсовремена технологија и опрема која ги исполнува сите Европски и интернационални стандарди. Располагаме со соодветно тренирани и стручни искусни професионалци кои се основа за доверба на партнерите кон нас.

мисија

Наша мисија е да ги обединиме современите научни сознанија во областа на хербалната медицина и традиционалната употреба на билките со цел да добиеме производи кои ефикасни и без несакани дејства.

Визија

Наша визија е да формулираме и произведуваме хербални производи кои ќе ги задоволат најстрогите европски и светски барања во поглед на квалитетот, ефикасноста и безбедноста на хербалните производи .

Начела

Општествена одговорност, квалитет во работењето преку квалитетен стручен кадар, тимска работа и следење на современите текови во работењето.

Вредности

Вредностите кои ги цениме и унапредуваме се одговорност, чесност, стручност, колегијалност и чувство за припадност кон колективот и пошироката заедница.

Варумин е 100% природен хербален производ кој допринесува за одржување на нормалната функција на имунолошкиот систем. Заради тоа, Varumin® може да се користи како дополнение на стандардната терапија на различни болести, кои се карактеризираат со намален имунитет и лоша општа состојба.

успешни приказни

Иако пред година ипол мислев дека ми се броени месеците, благодарение на ВАРУМИН во Мај ќе наполнам 60 години!

Успех и во Холандија

Рак на простата, со метастази низ скелетот.

Иако пред година ипол мислев дека ми се броени месеците, благодарение на ВАРУМИН во Мај ќе наполнам 60 години!

Успех и во Холандија

Рак на простата, со метастази низ скелетот.

Иако пред година ипол мислев дека ми се броени месеците, благодарение на ВАРУМИН во Мај ќе наполнам 60 години!

Успех и во Холандија

Рак на простата, со метастази низ скелетот.

Варумин е 100% природен хербален производ кој допринесува за одржување на нормалната функција на имунолошкиот систем.

Препорачаната доза не смее да се надмине. Поризводот не енаменет за деца и адолесценти помлади од 18 години, трудници и доилки, како и на лица што се пречувствителни на екои од состојките на растенијата од фамилијата Asteraceae. Земањето на производот не се препорачува кај гастричен и дуоденален улкус, интестинална опструкција и стеноза, атонија, апендитис, инфламаторни заболувања на дебелото црево, (Кронова болест, улцеративен колитис), абдоминална болка со непозната етиологија, дехидратација или било кое пореметување на функционирањето на органите за создавање и излачување на жолчката. Неопходна е консултатиација со лекар кај корисниците кои имаат терапија со кардиотонични хетерозиди, антиаритмици, диуретици, кортикостероиди, или лица што земаат препарати на база на сладок корен (Liquiritiae radix) кои влегуваат во состав на други растителни препарати и/или додатоци во исхраната, бидејќи истовремената употреба со наведените лекови, растителни лековити производи и додатоци во исхраната, може да ја зголеми можноста за развој на дисбаланс на електролитите, заради зголемено излачување на калиумот.

Варумин е 100% природен хербален производ кој допринесува за одржување на нормалната функција на  имунолошкиот систем. Заради тоа, Varumin® може да се користи како при состојби кои се карактеризираат со намален имунитет и лоша општа состојба.

Првиот ден се пие одеднаш целата количина (50ml) од Варумин 1, 1 час пред јадење. Од наредниот ден се почнува со земање на Варумин 2 и тоа на секои 8 часа по 10мл, 1 час пред јадење.

Диететскиот производ не е замена за урамнотежена исхрана. Да се чува вон дофат на деца.

Производот да се чува во оригинално пакување на собна температура (до 25℃) на суво и темно место.

Varumin® 1 стаклено шишенце од 50 ml, раствор за перорална употреба.
Varumin® 2 стаклено шишенце од 200 ml, раствор за перорална употреба.

Зависи од државата

Varumin® пакувањето содржи две темно обоени шишенца, именувани како Varumin® 1 и Varumin® 2.

Varumin® 1 има волумен од 50 ml, фабрички затворен со бело капаче.

Varumin® 2 има волумен од 200 ml, фабрички затворен со бело капаче.

Двата препарати се етикетирани, со испишана содржина, со втиснати Број на серија и Рок на траење.

Името на производителот е IEG Интер-еврогенекс 2434 Ново Село, Р. Северна Македонија.

Вкусот на Varumin® би требало да е горчлив.

Веднаш пријавете ги вашите сомнежи за фалсификат до производителот. Запомнете дека доколку цената на производот е премногу добра за да е вистинита, веројатно сте во право.

Фалсификуван производ е оној кој се произведува со цел да изгледа како оригинален производ, а всушност се разликува од оригиналниот во многу елементи. Во фалсификувани производи спаѓаат производи без активна состојка, производи кои се суперпотентни и производи кои содржат опасни нечистотии.

Еден од најголемите ризици од фалсификуваните производи е дека корисниците нема да го добијат ефектот кој се очекува од производот. Освен тоа, продуктот може да содржи премногу активни состојки или други потенцијално опасни контаминенти, кои исто така може да се опасни.

ПОЛИТИКА НА МЕНАЏМЕНТ НА ИНТЕГРИРАНИ СИСТЕМИ

Oваа политика има за цел на јасен и недвосмислен начин да укаже на определеноста на компанијата ИНТЕР-ЕВРОГЕНЕКС ДОО, континуирано да го спроведува и унапредува своето работење во склад со барањата на меѓународните стандарди: ISO 9001:2015 (систем за менаџирање на квалитет), ISO 14001:2015 систем за менаџирање со околината и ISO 22000:2018 систем за производство на додатоци на исхрана (во форма на чаеви, таблети и раствори), производство на ѓубрива – биостимулатори и подобрувачи на својствата на почвата.

Високата посветеност на исполнувањето на барањата на овие стандарди, поставување на цели кои се во согласност со нив и учество на сите вработени во нивното исполнување, допринесува работење на компанијата да резултира со производи и услуги кои се во согласност со барањата на нашите корисници и сите заинтересирани страни, како интерни така и екстерни, во опкружување кое се карактеризира со високо ниво на безбедност на производите, што заедно ја сочинуваат базата од која произлегуваат стратешките цели на нашата компанија.

Тежнееме во сите аспекти на нашата работа да пристапиме систематски и во неа да ги интегрираме следните принципи:

  • Со понуда на квалитетни производи и услуги да постигнеме висок степен на задоволство на сите заинтересирани страни, исполнувајќи ги нивните барања.
  • Работиме согласно со важечките закони и регулатива како и со внатрешните барања на компанијата.
  • Континуирано го подобруваме системот за управување со квалитет за да обезбедиме здравствено исправни и квалитетни производи применувајќи ги принципите на ISO 9001:2015, ISO 14001:2015 и ISO 22000:2018
  • Се залагаме за здрава животна средина и намалување на загадувањето, преку намалување на потрошувачката на енергија и вода, рационална употреба на ресурсите и подобрување на методите за управување со отпадот.
  • Овозможување на поволни услови за учење, континуирано надоградување и усовршување на знаењето и стручните способности на сите вработени.
  • Поттикнување на тимска работа со цел поставените задачи да се извршуваат на што е можно поефективен начин.
  • Планирање на сите работни процеси и внесување на постојани подобрувања (со мерење и анализа на перформансите да се обезбедат податоци кои се неопходни за измени и подобрување на процесот).
  • Партнерски однос со доставувачите и корисниците преку зајакнување на довербата и соработката.

 

Оваа политика е одобрена од страна на највисокото раководство на компанијата ИНТЕР-ЕВРОГЕНЕКС ДОО и обезбедува рамка за понатамошно поставување на релевантни цели на компанијата.