www.interevrogeneks.com
Фабрика Интер-Еврогенекс
Адреса: Ул. Гоце Делчев, бр. 12 – 2434 Ново Село, Струмица
Моб: 00 389 70 259 222 (24 часа)
Претставништво – Скопје
Адреса: Ул. Никола Вапцаров 20/7, 1000 Скопје
Телефони: 00 389 2 3215800, 00 389 2 3215801
Мобилен: 00 389 70 259222, 00 389 70 316011
e-mail: varumin@t.mk
Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употреба и несаканите дејства на производот консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт. Интернет претставува глобално општество. Фармацевтската индустрија, сепак, е предмет на специфична регулатива, која влијае врз информациите кои може да ги прикажеме за нашите производи. Во прилог на тоа, регистрацискиот статус може да не биде ист во различни региони во светот и одобрените ознаки на продуктот може исто така да се разликуваат според специфичните барања на државата. Затоа молиме да ги проверите деталите од регистрацијата на овој производ локално, со цел да добиете актуелна информација.
Oваа политика има за цел на јасен и недвосмислен начин да укаже на определеноста на компанијата ИНТЕР-ЕВРОГЕНЕКС ДОО, континуирано да го спроведува и унапредува своето работење во склад со барањата на меѓународните стандарди: ISO 9001:2015 (систем за менаџирање на квалитет), ISO 14001:2015 систем за менаџирање со околината и ISO 22000:2018 систем за производство на додатоци на исхрана (во форма на чаеви, таблети и раствори), производство на ѓубрива – биостимулатори и подобрувачи на својствата на почвата.
Високата посветеност на исполнувањето на барањата на овие стандарди, поставување на цели кои се во согласност со нив и учество на сите вработени во нивното исполнување, допринесува работење на компанијата да резултира со производи и услуги кои се во согласност со барањата на нашите корисници и сите заинтересирани страни, како интерни така и екстерни, во опкружување кое се карактеризира со високо ниво на безбедност на производите, што заедно ја сочинуваат базата од која произлегуваат стратешките цели на нашата компанија.
Тежнееме во сите аспекти на нашата работа да пристапиме систематски и во неа да ги интегрираме следните принципи:
Оваа политика е одобрена од страна на највисокото раководство на компанијата ИНТЕР-ЕВРОГЕНЕКС ДОО и обезбедува рамка за понатамошно поставување на релевантни цели на компанијата.